Top Sport

Ливерпул е најдобриот тим во Европа

Ливерпул избори пласман во полу-финалето во Лигата на шампионите со двете победи против Манчестер сити. „Црвените“ имаат зад сее одлична сезона, а резултатите им овозможија да се искачат на првото место на листата на УЕФа за тековната сезона.

Зад Ливерпул е сместен минхенски Баерн, потоа следуваат Реал, Барселона и Рома, која благодарение на пласманот меѓу четирите најдобри во Лигата на шампионите дојде на оваа позиција.

До крајот на сезоната престојат уште натпревари и сигурно е дека листата ќе претрпи уште измени.

Кога станува збор за изминатите пет сезони, на листата на УЕФА на првите две места се мадридските тимови Реал и Атлетико, а меѓу најдобрите пет се уште Баерн, Барселона и Јувентус.

Scroll to Top