Манчестер сити се согласија да потпишат договор со играчот од средниот ред на Шахтјор Доњецк, Фред за 44.5 милиони фунти ова лето, објавува „Гол“.
„Сините“ се обидуваа да потпишат договор со 24-годишниот Бразилец во јануари, но сега се согласни да го донесат на „Етихад“ на крајот на сезоната, откако Шахтјор сакаше да го заддржи Фред за Лигата на шампионите.
Иако ништо не е потпишано, се верува дека договорот е направен преку поранешниот играч на Арсенал, Жилберто Силва, кој сега му е агент на Фред. Сити се договорија на сличен начин со Илкај Гундоган и Ајмерик Лапорт во 2016 и со Бернардо Силва во 2017 година.