Манчестер јунајтед се подготвуваат за летниот преоден рок, во кој ќе се обидат да донесат уште еден класичен напаѓач. Во овој момент, само Единсон Кавани е вистинска „деветка“.
Прва мета на Јунајтед во преодниот рок ќе биде Андре Силва. Португалецот во дресот на Ајнтрахт, сезонава со 19 голови е најдобар стрелец во Бундес лигата.
Според англиските медиуми, цената на Силва е помала од онаа на Ерлинг Халанд и за него не постои голем интерес на фудбалскиот пазар. Покрај Јунајтед, интерес за Португалецот покажува уште само Атлетико Мадрид.
Доколку Силва го напушти Ајнтрахт, тогаш клубот ќе се обиде да го откупи договорот на Лука Јовиќ од Реал.