Манчестер јунајтед се блиску до трансфер на фудбалерот од средниот ред на Олимпик Марсеј, Бубакар Камара, тврди шпанска „Марка“.
Камара има само уште шест месеци од договорот со Марсеј и е слободен да преговара со други клубови, а Јунајтед наместо да почека до летото е подготвен за мала сума да го донесе уште сега да ги реши опциите на Ралф Рангник во средината на теренот.
22-годишниот Камара има 23 настапи досега оваа сезона, честопати како капитен, и би бил алтернатива за Скот Мектоминеј и Фред, а во исто време би ослободил можност Пол Погба да замине.
Камара е дел од академијата на Марсеј од 2005, пред да дебитира во првиот тим во декември 2016 година. Покрај тоа, тој ја претставуваше Франција во сите младински категории од У-17 до У-21 и уште го чека повикот во сениорската репрезентација.