Манчестер јунајтед веќе одредиле по кои фудбалери ќе тргнат во текот на летниот преоден рок, и наводно решиле Оле Гунар Солскјер да биде „единствен“ кандидат за менаџерската позиција.
Според повеќе англиски медиуми, Солксјер бил единствениот со кој е преговарано, а работата ќе биде сигурна ако обезбеди топ 4 пласман и место во Лигата на шампионите. Потоа, тој ќе добие буџет да ги донесе на „Олд Трафорд“ Иван Ракитиќ од Барселона, Калиду Кулибали од Наполи, бекот на Кристал палас, Арон Ван-Бисака и бекот на Интер, Милан Шкринијар.
Минатата година, Јунајтед не го добија Кулибали за сума од 91 милиони евра, и во текот на летото ќе ја повторат понудата (со повисока сума), а Ван-Бисака ќе биде добиен и покрај интересот на Челси и Манчестер јунајтед.
Ракитиќ, кој беше поврзуван со трансфер во Интер, неодамна изјави дека му е добро на „Ноу камп“, додека интересот за Шкринијар трае повеќе од една година. Останува да се види дали овие планови се реални.