Top Sport

Серија А ќе ја одбележи годишнината од смртта на Давиде Астори

Серија А објави дека на сите мечеви овој викенд ќе се одддаде почит на поранешниот капитен на Фиорентина, Давиде Астори, кој почина на 4 март минатата година во сон во својата хотелска соба пред мечот со Удинезе.

26. коло ја одбележува првата година од смртта која го потресе италијанскиот фудбал, и лигата реши сите 10 стадиони на кои ќе се игра фудбал во 13-тата минута од мечот да се појави проекција на лицето на Астори. Најавувачите на стадионите потоа ќе побараат од фановите аплауз во чест на Астори.

Потегот на лигата доаѓа неколку дена откако на драматичниот 3:3 меч помеѓу Фиорентина и Интер, во кој имаше пенал за домаќините во 101. минута, имаше голем број на навредувачки пораки за Астори, а Фиорентина реши да ги тужи луѓето кои оставаа вакви пораки.

Scroll to Top