Top Sport

Манчестер јунајтед го нудат Антони за Кубо

Такефуса Кубо, фудбалер на Реал Сосиедад и оваа сезона игра во одлична форма, поради што го привлече вниманието на неколку врвни клубови.

Како што пренесува „АС“, јапонскиот фудбалер е мета пред се на Манчестер јунајтед, кој во јануари ќе бара решенија за нападот.

Јасно е дека „Олд Трафорд“ ќе го напушти Џејдон Санчо, веројатно ќе оди на позајмица, а во клубот не се задоволни од изданијата на Бразилецот Антони.

Јунајтед биле подготвени за трејд Антони за Кубо, но на „Аноета“ не се зантересирани за ваква опција. Веројатно Реал Сосиедад би разгледале опција од околу 80 милиони евра.

Кога станува збор за Манчестер јунајтед, некои медиуми додаваат дека без разлика на малку поскромниот буџет поради финансискиот фер-плеј и потрошените повеќе од 170 милиони фунти минатото лето, ќе се обидат да доведат напаѓач.

Сакаат да ја зголемат конкуренцијата на Расмус Хојлунд, кој од почетокот на сезоната не успеа да постигне гол во Премиер лигата.

Scroll to Top