Top Sport

Манчестер јунајтед го подготвува најголемиот трансфер во историјата на клубот

Манчестер јунајтед минува низ криза на која не и се гледа крајот. Навивачите на Јунајтед најголем дел од вината за состојбата во која се наоѓа клубот гледаат сопствениците на клубот, семејството Глејзер. Наското, според најавите во клубот би требало да влезе Сер Џим Ретклиф, британски милијардер кој ќе купи 25 отсто од акциите на клубот.

Ретклиф по доаѓањето во клубот не планира да му врачи отказ на актуелниот тренер Ерик тен Хаг, но планира активно да се вклучи во спортскиот сектор.

„Дејли Мејл“, пишува дека тој комуницира со холандскиот тренер за да ги испланира следните два преодни рока. Во тие разговори, Тен Хаг наводно издвоил само еден играч како приоритет, крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Ник Вилијамс (21).

Нико е помладиот брат Вилијамс, а постариот Инаки исто така игра во Билбао. Минатата сезона Нико постигна девет гола со шест асистенции на 43 настапи во сите натпреварувања, а оваа сезона има четири гола и пет асистенции на 15 натпревари. Игра и за шпанската репрезентација за која забележа 11 настапи и постигна два гола.

Прашање е колку Вилијамс би го чинел Јунајтед, бидејќи минатиот месец тој потпиша нов договор со Атлетик Билбао.

Англиските и шпанските медиуми се согласуваат дека доколку Јунајтед се обиде да го реализира трансферот во зимскиот преоден рок, тогаш ќе мора да го урне клупскиот рекорд, кој го држи Пол Погба за кого Јунајтед плати 105 милиони евра.

Scroll to Top