Холандскиот напаѓач Џошуа Зиркзе и официјално е потврден како најновото засилување на Манчестер јунајтед. Англискиот гигант и плати 42,5 милиони евра за дваесет и тригодишниот напаѓач на италијанска Болоња. Зиркзе минатата сезона одигра брилијантно во Серија А и му помогна на клубот да избори пласман во Лигата на шампионите.
Тој го потпиша договорот до 2029 година, со опција за продолжување на уште една сезона. Зиркзе беше прогласен за најдобар играч до 23 години во италијанската лига минатата сезона.
Во сите натпреварувања тој постигна 14 гола и забележа девет асистенции.
Интересно од сумата што ја плати Манчестер јунајтед за Зиркзе, половина од парите ќе завршат на сметката на Баерн Минхен.