Top Sport

Манчестер Јунајтед го сака Доминик Ливаковиќ

Доминик Ливаковиќ најверојатно ќе го напушти Динамо во летниот преоден рок. Хрватскиот репрезентативец има клаузула во договорот според која може да замине за 10 милиони евра.

Екрем Конур, турски експерт за трансфери и дописник на „Марка“ и „ЕСПН“, открива дека Манчестер Јунајтед се вклучил во борбата за Ливаковиќ.

Англискиот великан е во потрага по наследникот на Давид Де Хеа и се чини дека изборот падна на Ливаковиќ.

„Јунајтед, Сосиедад и Виљареал ја следат ситуацијата со 28. годишниот Ливаковиќ. Од друга страна тој го одби трансферот во Галатасарај“, тврди Конур.

Ливаковиќ е играч на Динамо од 2015 година и со него освои пет титули во хрватското првенство, тој е прв голман на хрватската репрезентација, со која во декември минатата година освои бронза на Светскоот првенство во Катар.

Scroll to Top