Top Sport

Манчестер јунајтед го вклучија Гринвуд во У-21 составот за Премиерлигата и покрај обвиненијата

Иако нема настап за клубот откако беше уапсен во јануари поради обвинување за физички напад и силување на својата девојка, Мејсон Гринвуд изненадувачки се најде во секцијата на У-21 тимот на Манчестер јунајтед за сезоната во Премиерлигата.

Гринвуд останува суспендиран од тимот и последен настап му е на 22 јануари кога Јунајтед со 1:0 ги совладаа Вест хем, за осум дена подоцна да биде уапсен откако неговата девојка на социјалните мрежи објави видеа и аудио-снимки од неговото однесување. Тој во моментов е на слобода со кауција, а клубот потври дека тој нема да тренира со „ѓаволите“ во неопределено време.

Откако за 20-годишниот Гринвуд немаше место во првиот 25-член состав на Ерик Тен Хаг за Премиерлигата, тој е поставен во У-21 секцијата на тимот, каде што се талентите од академијата на клубот.

Scroll to Top