Top Sport

Милан со прва домашна победа во ЛШ од 2013, Шахтјор и Селтик со реми

Милан стигна до 3:1 победа над Динамо Загреб, за петта меѓусебна победа во пет дуели во Европа против хрватскиот тим, и во исто време ја забележа првата домашна победа во европското елитно натпреварување од септември 2013 година. Во Варшава, пак, украинскиот Шахтјор Доњецк одигра 1:1 против шкотскиот Селтик.

„Росонерите“ се мачеа да го скршат отпорот на „модрите“ кои во првото коло од ЛШ го шокираа Челси со 1:0, и стигнаа до водство во 45. минута од мечот, кога беше досуден пенал, а Оливие Жиру не згреши од белата точка.  На стартот на второто полувреме, тие бргу го удвоија водството во 47. минута, кога Рафаел Леао фантастично го проигра Алексис Салемакерс за 2:0.

Динамо врати во 56. минута, кога Бруно Петковиќ со прекрасна асистенција го најде Мислав Оршиќ за 2:1, но Милан ја врати рамнотежата во 77. минута со голот на Томасо Побега. Ова е прв триумф на Милан на „Сан Сиро“ во ЛШ од 2:0 триумфот над Селтик во септември 2013 година.

Во Варшава, Селтик дојдоа до рано водство во 10. минута со автоголот на Бондаренко, но Шахтјор врати во 29. минута преку Михајло Мудрик.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА Е
Милан – Динамо Загреб 3:1
Челси – Ред бул Салцбург 21.00 ч.
ГРУПА Ф
Шахтјор Доњецк – Селтик 1:1
Реал Мадрид – РБ Лајцпиг 21.00 ч.

Scroll to Top