Top Sport

Манчестер Јунајтед го заборави Френки де Јонг и гледа засилувања во Италија

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед нема веќе да го чека доаѓањето на Френки де Јонг од Барселона, туку се насочи кон други можни засилувања за оваа позиција. Раководството на клубот гледа кон Италија каде има две потенцијални цели.

Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио е фудбалерот кој го посакува Ерик тен Хаг, но засега тешко одеа преговорите со „лацијалите“ за сите клубови кои беа заинтересирани за него. Тој е проценет на околу 70 милиони евра.

Втората опција на „ѓаволите“ е Фабијан Руиз, шпанскиот интернационалец од Наполи. Се верува дека „наполитанците“ ќе се сложат да го продадат за 55 милиони евра, а фудбалерот е подготвен да се испроба во Премиерлигата.

Scroll to Top