Фудбалерите на Манчестер јунајтед го декласираа Евртон со 4:0, во последниот контролен натпревар, пред почетокот на новата сезона.
Играчите на Оле Гунар Солскјер, во првото полувреме приредија шоу за 55.000 навивачи на „Олд Трафорд“.
Мејсон Гринвуд, по грешката на голманот на Еверто, Џордан Пикфорд, го постигна првиот гол во осмата минута. Хари Мегваер зголеми на 2:0 седум минути подоцна. По половина час игра, убав гол од слободен удар постигна Бруно Фернандеш.
Последниот гол го постигна Диого Дало во 92.минута.
Манчестер јунајтед, сезоната во Премиер лигата, ќе ја започне на14.август против Лидс, додека Евертон ќе го пречека Саутемптон.