Top Sport

Манчестер јунајтед им забрани пристап на четворица познати новинари

Манчестер јунајтед им забрани пристап на четворица познати новинари на денешната прес-конференција на тренерот Ерик Тен Хаг. Забрана за влез на прес-конференцијата добија Каве Солхекол (Скај Спортс), Семјуел Лакхерст (Манчестер ивнинг њуз), Дејвид Мекдонел (Мирор) и Роб Досон (ЕСПН).

„Презедовме акција против неколку новински куќи. Не затоа што објавуваат стории што не ни се допаѓаат, туку затоа што тоа го прават без претходно да не контактираат и на тој начин да ни дадат можност да коментираме, оспориме или контекстуализираме. Веруваме дека на овој начин браниме важен принцип и дека тоа ќе доведе до ресетирање на начинот на кој работиме заедно“, ја објасни клубот својата одлука.

Англиските медиуми неодамна пишуваа дека Тен Хаг ја губи контролата над соблекувалната и дека на играчите не им се допаѓаат методите на тренерот.

Scroll to Top