Top Sport

Манчестер јунајтед има нов газда

Шеикот Јасим, син на поранешниот премиер на Катар Јасим бин Џабер Ал Тани е новиот сопственик на Манчестер јунајтед, тврдат британските и катарските медиуми. Официјална потврда за оваа зделка се очекува да стигне во текот на денот.

Јасим го победи британскиот милијардер Џим Ретклиф во битката за купување на англискиот гигант. Шеикот, минатата недела драстично ја зголеми понудата за купување на најтрофејниот англиски клуб.

„Ал Ватан“, медиум од Катар во сопственост на таткото на Јасим, во понеделникот вечерта објави дека преземањето на клубот од шеикот Јасим било успешно и дека само се чека официјализирање на зделката.

Според информациите, шеикот Јасим платил пет милијарди за клубот од „Олд Трафорд“.

Семејството Глејзер (Абрахам, Брајан, Дарси, Едвард, Џоел и Кевин) го води Манчестер јунајтед од 2005 година, откако американскиот богаташ Малколм Глејзер ги купи сите акции на клубот.

Scroll to Top