Top Sport

Манчестер јунајтед има подготвено замена за Тен Хаг?

Дали вечерашниот натпревар на Манчестер jунајтед на „Олд Трафорд“, во осминафиналето на Лига купот со Њукасл, ќе биде и последен на клупата на „црвените ѓаволи“за менаџерот Ерик тен Хаг?

Одговорот на ова прашање во моментов не го знаат ниту клупските челници, но судејќи по информациите кои често стигнуваат до медиумите, на Холанѓанецот му треба чудо за да преживее.

Семејството Глејзер досега му одолеа на искушението да му врачи отказ на Тен Хаг, кој ќе го води Јунајтед вечерва и речиси сигурно против Фулам во Лондон во сабота.

Доколку ја продолжи серијата на лоши резултати, промената е неизбежна, а дел од англиските медиуми тврдат дека прв фаворит за неговиот наследник Антонио Конте.

Харизматичниот Италијанец е без работа откако беше отпуштен од Тотенхем во март и наводно сака да се обиде во Манчестер јунајтед.

Пред Тотенхем ги водеше Интер, Челзи, Јувентус и италијанската репрезентација.

Scroll to Top