Фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед објави дека ја раскинал спонзорската соработка со руската национална компанија „Аерофлот“.
„Поради се она што се случува во Украина, го прекинавме спонзорскиот договор со Аерофлот. Ја делиме загриженоста на нашите навивачи и сочувствуваме со сите оние кои се под директно влијание на овие настани“, се наведува во соопштението.
„Аерофлот“ беше официјален превозник на Манчестер јунајтед од 2013 година. Актуелниот договор имаше важност до 2023 година.
Клубот не леташе со авион на оваа компанија кога во средата гостуваше во Мадрид, кај Атлетико, во Лигата на шампионите.
Вчера, британскиот премиер, Борис Џонсон, ја забрани работата на „Аерофлот“ во Велика Британија.