Top Sport

Манчестер јунајтед ќе гледа ЛШ само на ТВ, Челси пак, се многу блиску (видео)

Челси со 3:0 го совлада тимот на Ватфорд за да дојде на чекор до пласман во Лигата на шампионите, додека Манчестер јунајтед на Оле Гунар Солксјер продолжи со мизерната форма со 1:1 реми кај последнопласираниот Хадерсфилд, со што дефинитивно најдобро на што може да се надева е настап во Лига Европа.

„Сините“ на Маурицио Сари со три гола во второто полувреме (Рубен Лофтус-Чик, Давид Луиз и Гонзало Игуаин) стигна до убедлива победа во малото лондонско дерби со Ватфорд, за да се искачи на третото место на табелата со 71 поен, еден повеќе од Тотенхем, кои вчера загубија од Бурнемаут. До овие две места, сега може да стигне само Арсенал, кои имаат 66 поени, но и два меча до крајот на сезоната (во 17.30 играат со Брајтон).

Манчестер јунајтед, пак, дефинитивно нема да биде во елитното европско натпреварување, откако ги загуби и така малите шанси со 1:1 реми со последнопласираниот тим на Хадерсфилд. Јунајтед дојде до рано водство уште во осмата минута преку среќниот гол на Скот Мектоминеј, меѓутоа домаќините го одиграа последниот домашен меч во Премиер лигата засега со жар и во 60. минута израмнија преку Мбенза.

Scroll to Top