Манчестер јунајтед имаат намера да му го продолжат договорот на Единсон Кавани. Уругваецот, во финишот на летниот преоден рок, пристигна во Јунајтед како слободен играч.
Кавани со „црвените ѓаволи“ потпиша едно годишен договор, со можност тој да биде продолжен.
Менаџерот на тимот, Оле Гунар Солскјер, очекува дека клубот во најскоро време ќе ја искористи опцијата и дека ќе му го продолжи договорот на Уругваецот.
„Одлично се вклопи во тимот, заслужува да биде стартер. Сигурно е дека тоа често ќе се слчува во наредниот период“, рекол Солскјер.
Од почетокот на сезоната Кавани само еднаш бил стартер, вкупно одиграл осум натпревари, има постигнато три гола.