Манчестер јунајтед имаа оптимизам дека оваа сезона можат да го прекинат седум годишниот пост во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“, на табелата имаат натпревар и три бода помалку од лидерот Ливерпул. Последен пат Манчестер јунајтед биле шампиони во ерата на Алекс Фергусон, во сезоната 2012/2013.
Челниците на клубот од „Олд Трафорд“ и менаџерот Оле Гунар Солскјер, веруваат дека мора да се засилат во одбраната, доколку сакаат да се борат за титулата. Јунајтед бараат парнер во одбраната за Хари Мегваер. Виктер Линделоф и Ерик Баи, не се квалитет кој носи титули.
Изборот на Јунајтед, според англиските и шпанските медиуми е Жил Кунде, 22-годишникот од Севилја. Според овие извори, Манчестер јунајтед биле подготвени да ја активираат неговата откупна клаузула, која изнесува 80 милиони евра.
Овој млад фудбалер, кој игра одлично кај Хулен Лопетеги, минатото лето беше трансфер-цел на Манчестер сити, но во Севилја не ја прифатија понудата од 56 милиони евра.
Кунде, од почетокот на сезоната одиграл 11 натпревари во Ла Лига и пет во Лигата на шампионите, во двете натпреврувања постигнал по еден гол.