Манчестер Јунајтед, вечерва од 21 часот против Фулам ја отвора сезоната во Премиер лигата на „Олд Трафорд“.
Во пресрет на премиерниот меч во сезната 2024/2025, тренерот Ерик Тен Хаг изјави дека неговиот тим не е подготвен за стартот на сезоната.
„Тимот не е подготвен, но лигата почнува. Нема криење, мора да се справиме со тоа. Тоа е проблем и за многу други клубови. Многумина играа на ЕП, на Копа Америка“, изјави Холанѓанецот на конференцијата пред почетокот на сезоната.
Тен Хаг се соочува со проблем на левата страна во дефанзивата, повредени се Лук Шо и Тајрел Маласија.
„Шо ќе се врати наскоро, нема долго да отсуствува. Лук е многу важен за нашиот тим, сакаме да се врати што е можно поскоро, но нема да брзаме“.
Тој откри дека во конкуренција за премиерниот меч ќе бидат засилувањата Матијс де Лихт и Нусаир Мазрауи.
„Мора да го решиме проблемот со левата страна. Таму можат да играат Мартинез и Диого Дало, како и Мазрауи“, изјави Холанѓанецот.