Манчестер јунајтед, во летниот преоден рок, има намера да го урне трансфер рекордот во Премиер лигата. На мета на „црвените ѓаволи“ се наоѓа Деклан Рајс од Вест Хем јунајтед. За да влезат во преговори најпрвин клубот ќе треба да избори место во Лигата на шмпионите.
Деклан Рајс имаа 22 години, тој е еден од најдобрите играчи на својата позиција. Две години е стандарден во репрезентацијата на Англија.
Јунајтед, според англиските медиуми, биле подготвени да издвојат 120.000.000 евра за Рајс.
Доколку трансферот се реализира, Јунајтед ќе го урнат рекордот во Премиер лигата. Воедно овој трансфер би бил шестиот најскап во историјата на фудбалот.