Манчестер Јунајтед и официјално го објави постигнатиот договор со Ајакс за потписот на Лисандро Мартинез. „Црвените ѓаволи“ не ја открија сумата на зделката, но различни извори објавија дека за дефанзивецот ќе бидат платени 55 милиони евра, плус уште 10 во вид на бонуси.
Од клубот конкретно наведуваат дека Мартинез мора да ги помине задолжителните лекарски прегледи кои најверојатно ќе се случат утре и да добие виза за да се финализира трансферот. Играчот ќе потпише договор на пет години, плус опција за дополнителна сезона.
Мартинез е централен дефанзивец, но може да игр и како лев бек и дефанзивен играч за врска.
Аргентинецот стана третото засилување на „Олд Трафорд“, откако претходно беа промовирани Тајрел Маласија и Кристијан Ериксен.
An agreement has been reached for the transfer of Lisandro Martinez ???#MUFC || @LisandrMartinez
— Manchester United (@ManUtd) July 17, 2022