Top Sport

Манчестер јунајтед одбиле 50 милиони евра и двaјца играчи на Барса за Погба

Раководството на Манчестер јунајтед одбило понуда на Барселона за Пол Погба, пренесе италијанскиот новинар Џанлука Ди Марко. Тој тврди дека понудата на Барселона била 50 милиони евра и двајца играчи, Џери Мина и Андре Гомеш.

Манчестер јунајтед и менаџерот Жозе Мурињо, тврдат дека Погба е заштитно лице на тимот и фудбалер кој во наредните години ќе биде лидер на клубот од „Олд Трафорд“.

Погба (25), во 2016 година од Јувентус за сума од 105 милиони евра се врати во Манчестер јунајтед. Договорот на францускиот репрезентативец истекува во 2021 година.

Инаку интересе за Погба покажува и Јувентус кој неодамна го донесе во Торино Кристијано Роналдо.

Scroll to Top