Top Sport

Леброн не ја исклучил можноста да се врати во Кливленд

Леброн Џејмс, најдобриот кошаркар на денешницата, не ја исклучува можноста да се врати во тимот на Кливленд Кавалирс. Тој, пред еден месец го напушти овој тим и се пресели во една од најпознатите франшизи во НБА лигата, ЛА Лејкерс.

Џејмс, со Лејкерс потпиша четири годишен договор вреден 154 милиони долари. Крилниот играч не мисли дека кога ќе му заврши договорот со „езерџиите“, дека ќе замине в пензија.

„Да ви кажам, ниту едно поглавје од книгата не го затворам во целост“, рекол „Кралот Џејмс“.

Тој верува дека оставил длабока трага во Кливленд, тим на кој му ја донесе единствената титула во историјата.

„Се надевам дека еден ќе видам дека мојот дрес во Кливленд е пензиониран“, дополнил Леброн.

Scroll to Top