Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во Брајтон ја забележаа првата сезонска победа во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ во неверојатен натпревар победија со 3:2, откако Марш израмни на 2.2 во 96 минута, Јунајтед по истекот на натпреварот добија пенал, а Брубо Фернандеш го постави конечниот резултат.
Брајтон против фаворитот одигра одличен натпревар, а само поради несмасната интервенција на Мупај остнаа без бод.
Нил Мупај го постигна првиот гол во 38 минута од пенал. Напаѓачот на Брајтн со „пананка“ го совлада Де Хеа. Само три минути подоца повратната топак на Немања Матиќ, Луис Данк ја смести во голот на Ник Поуп.
Најубевиот момент на натпреварот се случи во 55 минута кога Маркус Рашфорд го „искрши“ Бен Вајт, а потоа погоди за 1:2.
По вториот гол Јунајтед се повлекоа пред својот гол, Брајтон доминираа на теренот, а за таквата игра беа наградени во 96 минута кога Сони Марш успеа да израмни.
Веќе во наредниот напад Јунајтед добија корнер, топката одеше на Хари Негваер чии удар невнимателно со раката го блокираше Мупај. Инаку топката од гол линијата ја изфрли марш, а веднаш потоа сидујата Крис Кавано свирна крај. На асистенција на ВАР Квано ја прегледа снимката и досуди пенал за Јунајтед кој во победа го претвори Бруно Фернадеш.