Top Sport

Манчестер Јунајтед подготвиле нов договор за Рашфорд

Манчестер Јунајтед нема намера да му дозволи на Маркус Рашфорд да замине од клубот. Клупските челници подготвиле договор, а платата на фудбалерот ќе му биде зголемена четири пати.

Жешко лето се очекува на „Олд Трафорд“. Веќе е познато кои играчи ќе го напуштат клубот и кои се потенцијалните засилувања. Менаџерот Оле Гунар Солскјер ќе се обиде да задржи и некои играчи од актуелниот состав.

Приоритет се новите договори за Давид Де Хеа и Пол Погба, како и Маркус Рашфорд. Талентираниот напаѓач добил понуда за нов пет годишен договор и зголемување на неделната плата од 85.000 на 350.000 евра.

Ова значи дека клубот за пет годишниот договор на Рашфорд ќе треба да издвои 91 милиони евра.

Она што е интересно, во договорот би постоеле специјална клаузула, која вели дека Рашфорд под никакви услови не би можел да биде продаден во Барселона.

Scroll to Top