Top Sport

Марка: Не постои подобар дефанзивец од Пике

„Марка“ еден од највлијателните шпански медиуми, инаку традиционално наклонет кон Реал Мадрид, во текстот по натпреварот помеѓу Манчестер Јунатед и Барселона, пишува дека Џерар Пике е најдобриот дефанзивец во светот.

Во текстот пишува дека одбраната предводена од Џерар Пике, Барселона победила кај Манчестер Јунајтед (1:0), во првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите.

Поради тоа за „Марка“, Пике е најдобриот дефанзивец на светот, пред Вирџил ван Дајк, Калиду Кулибали и тандемот од Реал, Рафаел Варан и Серхио Рамос.

Scroll to Top