На социјалните мрежи, најмногу на „Твитер“, се појавија информации кои тврдат дека Манчестер Јунајтед бил продаден на инвеститори од Саудиска Арабија.
Најмалку еден месец кружат информации дека принцот од Саудиска Арабија Мохамед бин Салман сакал да го купи клубот од семејството Глејзер. Британците тврдат дека тој понудил три милијарди фунти.
Извршниот директор на Манчестер Јунајтед Ед Вудворд демантирајќи ги шпекулациите рекол дека сопствениците немале намера да го продадат Јунајтед, но очигледно е дека реалноста е поинаква.
Делегација на клубот од „Олд Трафорд“, во која бил и еден од директорите Ричард Арнолд деновиве била на меѓународна бизнис конференција конференција во Ријад што не било случај во претходните години.
Некои медиуми тврдат дека токму Арнолд остварил средба со идните сопственици.
Бура крена еден од службениците во владата на Саудиска Арабија кој на „Линкедин“ објавил дека Јунајтед е продаден на инвеститори од оваа земје.
Семејството Глејзер во 2005 година го купија клубот за речиси 800 милиони фунти.
#MUFC chief Richard Arnold meeting with Saudi Arabia delegates amid *rumours* of a £3billion-plus takeover of the club by the country’s Crown Prince Mohammed Bin Salman. pic.twitter.com/mHUUDqLRRL
— StrettyNews.com (@StrettyNews) November 1, 2019