Манчестер јунајтед се први фаворити за потписот на ѕвездата на Тотенхем, Кристијан Ериксен, откако најавениот трансфер на Данецот во Реал Мадрид пропадна, тврди „Дејли мирор“.
Откако Флорентино Перез успеа да го донесе Еден Азар од Челси за 130 милиони фунти, Ериксен веќе не е интересен во Мадрид, иако тој најави дека ја завршува кариерата во англискиот клуб. Претседателот на Спарси, Даниел Леви би го пуштил Ериксен за 100 милиони фунти, и Јунајтед би биле заинтересирани (иако не за таа сума).
Ериксен беше клучен фудбалер на Тотенхем по неговата доаѓање од Ајакс за само 11 милиони фунти во 2013 година.
„Имам огромна почит за тоа што ми се случи во Тотенхем и на тоа секогаш ќе гледам позитивно. Но, би сакал да се обидам со нешто ново. Се надевам дека ова лето ќе се разјасни ситуацијата“, изјави Ериксен по финалето на ЛШ, каде што Тотенхем загубија со 2:0 од Ливерпул.