Top Sport

Манчестер Јунајтед се интересира за Ансу Фати

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед се надева дека може да го доведе на „Олд Трафорд“ крилниот напаѓач на Барселона, Ансу Фати. Тој не е задоволен од минутажата во тимот на Чави, па раководството на „црвените ѓаволи“ сака да ја искористи оваа ситуација и ќе испрати официјална понуда во летниот преоден рок.

Ансу Фати оваа сезона има 38 настапи за Барселона, но само на девет натпревари беше стартер во Ла Лига, а неговиот татко и јавно го истакна незадоволството против тренерот Чави Ернандез.

20-годишниот талент почнал да размислува за заминување од „Камп Ноу“ бидејќи е незадоволен од малата минутажа што ја добива. Од друга страна, и Барселона треба да обезбеди 200 милиони евра за да го задоволи финансискиот фер-плеј на УЕФА.

Scroll to Top