Првото летно засилување на Манчестер јунајтед ќе биде во дефанзивната линија. Жозе Мурињо, ја добил битката со Реал и Јувентус, за својот млад сонародник, Диого Далот.
Далот е играч на Порто, неодамна го прослави 19.роденден, а неговата позиција во тимот е покрај десната аут линија. Јунајтед за неговите услуги на Порто ќе му плати 17,4 милиони фунти (приближно 20 милиони евра).
Далот ги минал сите возрасни категории во младите португалски селекции (од у15 до У21), а во октомври минатата година дебитирал за првиот тим на Порто.
Тој во тимот доаѓа за на десната бековска позиција да му биде алтернатива на капитенот Антонио Валенсија, бидејќи Италијанецот Матео Дармијан ќе го напушти „Олд Трафорд“.