Top Sport

Манчестер Јунајтед си купи тренер за 10.000.000 евра

Рубен Аморим (39) стана најскапиот „купен“ тренер на сите времиња, а воедно и седми менаџер на Манчестер Јунајтед по пензионирањето на Сер Алекс Фергусон пред 11 години.

Оваа вест ја објавија бројни португалски и англиски медиуми, наведувајќи дека по Спортинг, младиотт стручњак ја прифатил понудата од „Олд Трафорд“.

Згора на тоа, доаѓањето на Аморим во Јунајтед претставува своевидно „киднапирање“, бидејќи тој беше проектиран како наследник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, кој во меѓувреме го доведе спортскиот директор на лисабонските „лавови“ и близок соработник на Аморим, Уго Вијана.

Клубот од Лисабон ќе заработи десет милиони евра од трансферот на тренерот кој освои две титули во португалското првенство, два национални купа и еден Суперкуп.

Од заминувањето на Фергусон, Јунајтед го предводеа Дејвид Мојс, Луис ван Гал, Жозе Мурињо, Оле Гунар Солскјер , Ралф Рагник и Ерик Тен Хаг.

Амор го очекува тешка работа, Јунајтед освои алармантни 11 бода во девет кола од Премиер лигата Во моментот на разделбата со Тен Хаг, Јунајтед падна од просечните 1,97 бода во првата на 1,22 бода во третата сезона на Холанѓанецот во клубот.

Последната капка беше поразот од Вест Хем, по што менаџерот ги обвини судиите и сопствениците на клубот решија да бараат ново решение.

Го најдоа во човекот кој на Спортинг му ги даде најдобрите сезони во последните две децении, во кои најмногу доминираа Бенфика и Порто.

Под водство на Аморим, кој пред да дојде на стадионот „Жозе Алваладе“ работеше во Каса Пиа и Брага, „лавовите“ освоија 2,27 бода на 227 натпревари.

Аморим ќе стане третиот португалски менаџер во Премиер лигата, покрај Марко Силва (Фулам) и Нуно Еспирито Санто (Нотингем Форест). Тој ќе биде седмиот Португалец на клупата на еден клуб од формирањето на Премиер лигата, бидејќи пред споменатите тројца Жозе Мурињо, Андре Вилаш Боаш, Карлос Карвајал и Бруно Лаж работеа во најсилната лига на светот.

Клучевите од соблекувалната во Карингтон ќе му ги предаде помошникот на Тен Хаг, Руд ван Нистелрој, кој се врати летово и нема долго да биде в.д менаџер.

Scroll to Top