Top Sport

Манчестер јунајтед со рекорден приход, но со ограничени средства поради ФФП?

Манчестер јунајтед ќе имаат рекорден приход во календарската 2023 година, но во исто време немаат многу средства за засилувања во летниот преоден рок, тври „ЕСПН“.

Проекциите за приход на клубот достигнаа сума од 630 до 640 милиони фунти, а оваа сума може да биде уште поголема бидејќи прогнозата се однесување на ситуација во која клубот игра во Лига Европа наместо во Лигата на шампиони. Ова е скок од 170 милиони фунти во однос на минатата година, најмногу поради постојано полниот „Олд Трафорд“, како и пласманот во финалињата на ФА купот и Карабао купот, како и четврт-финалето во Лига Европа.

Овие суми, сепак, не значат многу на пазарот на играчи, тврди „ЕСПН“, најмногу поради трошењето кое го имаше клубот во последните две сезони – во 2021/22 потрошија 122 милиони фунти на играчи, а во 2022/23, дури 208 милиони фунти. Ова би значело дека Јунајтед и менаџерот Ерик Тен Хаг имаат околу 120 милиони фунти слободни за трансфери ова лето, поради што паднаал интересот за Деклан Рајс и Хери Кејн.

Scroll to Top