Top Sport

Брозовиќ се шегува: 50 милиони евра и да се договориме

Фудбалерот на Интер, Марцело Брозовиќ, по се изгледа е имун на милионите кои ги нудат од Саудиска Арабија за него, учествувајќи во „лицитирањето“ за неговата годишна плата.

Според италијанските медиуми, Хрватот одбил понуда од Ал-Наср, клубот на Кристијано Роналдо кој се договорил со Интер за зделката, со годишна плата од 20 милиони евра. Шпекулациите велеа дека тој барал 30 милиони, а тој се јави на Инстаграм, коментирајќи: „50 милиони ќе завршат работа“.

Последните вести велат дека Брозовиќ сака двегодишен договор, наместо тригодишен, и дека преферира да премине во Барселона, на кои проблем би им биле парите – 20-тината милиони кои Интер ги бара за трансфер, како и годишната плата на Хрватот.

Scroll to Top