Top Sport

Манчестер јунајтед тргнуваат по Донарума?

И покрај лошото искуство со агентот Мино Рајола, Манчестер јунајтед се подготвени повторно да преговараат со него, овојпат за младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума, тврдат шпанските медиуми.

21-годишниот Донарума, кој веќе има 200 настапи за Милан во кариерата, се смета за еден од најдобрите светски голмани и неговиот договор со „росонерите“ завршува на крајот на сезоната. Паоло Малдини потврди дека договорите на Донарума и Златан Ибрахимовиќ се најважните преговори кои го водат овие месеци.

Јунајтед во својот тим имаат двајца голмани кои се борат за стартното место кај Оле Гунар Солскјер – Давид де Хеа и Дин Хендерсон, но очигледно не ги задоволиле потребите на клубот.

Scroll to Top