Top Sport

Премиер лигата ги враќа фановите од 17 мај

Британскиот премиер Борис Џонсон го објави новиот план со четири дела за излегување на Велика Британија од „локдаун“, со што 10.000 навивачи ќе можат да се вратат на фудбалските стадиони и другите спортски објекти од 17 мај.

Британија од 29 март ќе дозволи на своите жители да играат фудбал, голф и тенис, а за враќањето на навивачите ќе треба да се остварат цели со вакцинирањето, намалување на бројот на инфекции и варијации на вирусот.

На стартот на сезоната имаше по 2.000 и 4.000 фанови на одредени стадиони низ Англија, но по зголемувањето на позитивните случаи на КОВИД-19 и појавувањето на нови типови на вирусот, повторно се врати забраната.

Оваа одлука сигурно нема да ги израдува фудбалските фанови, бидејќи по 17 мај има само едно коло од Премиер лигата, последното!

Scroll to Top