Top Sport

Манчестер Јунајтед во финишот го торпедираше Њукасл

Во последниот натпревар од саботната програма во Премиер лигата на Англија фудбалерите на Манчестер Јунајтед победија во Њукасл со 4:1.

Натпреварот започна лошо за „црвените ѓаволи“, во втората минута Лук Шо си постигна авто-гол. Ова е прв пат од сезоната 200/2001 Манчестер Јунајтед на првите четири натпревари во сезоната да примат најмалку по еден гол.

Јунајтед бргу се вратија во натпреварот, по корнерот на Мата највисоко скокна Мегваер и го израмни резултатот.

Рашфорд во 58 минута изнуди пенал кој не успеа да го реализира Бруно Фернандеш. Португалецот се извади во во 86 минута кога постигна гол по асистенцијата на Рашфорд. Истиот играч четири минути му асистираше и на Ван-Бисака кој погоди за 1:3.

Точка на натпреварот стави најдобриот играч на теренот Рашфорд во 97 минута.

Scroll to Top