Top Sport

Манчестер Јунајтед во Шангај го совладаа Тотенхем (Видео)

Манчетсер Јунајтед гo добија премерлигашкото дерби што во претсезоната се одигра во Шангај. Победата 2-1 им припадна на „црвените ѓаволи“.

Јунајтед стигнаа до предност со голот на Марсијал во 21 минута. Резултатот 1-0 на семафорот стоеше до 65 минута кога израмни Лукас Моура.

Во самиот финиш на мечот, во 85 минута, 19 годишниот Анхел Гомез им ја донесе победата на „црвените ѓаволи“.

Екипата на Оле Гунар Солскјер ја забележа четвртата победа во истот толку контролни натпревари што ги одигра досега.

Scroll to Top