Top Sport

Себаљос од Реал оди на позајмица во Арсенал

Шпанскиот фудбалер, играчот на Реал Мадрид, Дани Себаљос договори едногодишна позајмица со лондонски Арсенал.

„Топчиите“ завршија голема работа со ангажманот на младиот 22-годишен Шпанец кој пред да дојде кај Кралевите, настапуваше и за Реал Бетис.

Тој се одликува со одлична техника, преглед на играта, но и е вреден работник на теренот, па многу брзо би можел да стане миленик на навивачите на тимот од северен Лондон.

Себаљос кој настапува за младата шпанска селекција неодамна беше прогласен за најдобар играч на ЕП У-21.

Scroll to Top