Манчестер јунајтед покажал сериозен интерес за еден од најперспективни италијански фудбалери. „Црвените ѓаволи“ ќе се обидатд а го реализираашт трансферот на 20.годишниот дефанзивецот на Аталанта, Џорџо Скалвини.
Манчестер јунајтед во него гледаат потенцијална замена за Рафаел Варан, чиј договор истекува на лето, а клубот нема да ја искористи опцијата автоматски да му го продолжи договорот. Не е исклучено Варан да си замиен од Јунајтед во зимскиот преоден рок.
Скалвини од почетокот на сезоната во Серија А веќе одигра 20 натпревари, на кои постигна еден гол. На „Олд Трафорд“ имаат сериозни планови со Скалвини, но во моментов Аталанта одбива да го продаде во јануари, па до договор може да се постигне дури на лето.
Манчестер јунајтед најверојатно ќе се соочи со сериозна конкуренција во трката за потписот на младиот Италијанец, кого го бара и Интер. Скалвини моментално е проценет на 40 милиони евра.