Манчестер Сити ќе остане без својата најголема ѕвезда на дербито со Ливерпул во полуфиналето на ФА Купот. Играчот за врска на „граѓаните“, Кевин де Бруин, кој вчера заработи повреда на скочниот зглоб на реванш натпреварот со Атлетико Мадрид, ќе отсуствува околу десетина дена.
Надежите на „граѓаните“ се дека тој ќе биде максимално подготвен за првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, кој ќе седигра на 26 април.
Пеп Гвардиола нема да може да искористи уште еден важен играч во својот тим против Ливерпул. Станува збор за десниот бек Кајл Вокер, кој исто така се повреди на пресметката со Атлетико Мадрид.
Минатиот викенд Манчестер Сити и Ливерпул одиграа исклучително спектакуларен натпревар на „Етихад“ кој заврши 2-2.