Манчестер сити ги стопирале преговорите за нов договор со Кевин де Брујне и покрај тоа што неговиот договор истекува за 18 месеци, бидејќи сакаат да видат како ќе оди неговото опоравување од повредата, тврдат британските медиуми.
Според „Дејли стар“, клубот ќе почека да види како оди рехабилитацијата од повредата на бутниот мускул, која сигурно ќе го задржи надвор од терените до крајот на 2023 година. Лани, Де Брујне постигна седум гола во Премиерлигата и имаше дури 18 асистенции, но во Сити се сомневаат дека кога ќе е опорави ќе може да игра на исто ниво.
Сепак, вака, клубот ризикува Де Брујне, еден од нивните најдобри играчи последните години, да замине бесплатно од клубот, бидејќи за него постојат многу заинтересирани клубови.