Top Sport

Манчестер сити го договориле првото засилување

Манчестер сити во преодниот рок најмногу ќе менуваат во одбраната. Џон Стонс и веројатно Николас Отаменди ќе го напуштат клубот, ќе останат Гарсија и Лапорт. Поради тоа менаџерот Пеп Гвардиола го договорил првото засилување.

Манчестер сити се договориле со Холанѓанецот Нејтан Аке. Трансферот би требало да изнесува 35 милиони евра. Аке сезонава за Борнмут има одиграно 30 натпревари.

Англиските медиуми претходно објавија дека „граѓаните“ се сериозно заинтересирани и за играчот на Атлетико Мадрид Хосе Марија Хименез.

Scroll to Top