Манчестер Сити, постигна договор за трансферот на капитенот на Кристал Палас, Марк Гуехи. Преговорите во врска со трансферот на 25-годишниот англиски репрезентативец беа поттикнати од неодамнешните повреди на дефанзивците Јошко Гвардиола и Рубен Дијаш.
Иако личните услови сè уште не се формално договорени, не се очекува тоа да претставува проблем за реализација на трансферот. Преговорите се забрзаа во последните 24 часа, а се очекува Гуехи да му се придружи на Сити со долгорочен договор во следните неколку дена. И покрај тоа што договорот му истекува за шест месеци, Сити се согласи да плати 23 милиони евра.
Тековниот договор на Гуехи со Кристал Палас истекува на лето, а тој е поврзан со неколку водечки европски клубови.
Гуехи беше блиску до трансфер во Ливерпул минатото лето, но договор вреден 40 милиони евра пропадна во последните часови од преодниот рок, и покрај тоа што играчот ги мина медицинските прегледи.
🚨💣 BREAKING: Marc Guehi to Manchester City, HERE WE GO! 💙
Official proposal accepted by Crystal Palace right now — understand fee will be around £20m.
Guehi has ACCEPTED move to #MCFC.
Exclusive story, now confirmed. 🧨 pic.twitter.com/Vo4bKmyzCU
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 16, 2026
Откако се приклучи на Палас од Челзи во 2021 година, тој стана стандарден во репрезентацијата на Англија. Со Палас, тој го освои ФА Купот со победа против Сити во мај, како и Комјунити Шилд против Ливерпул претходно оваа сезона.
Потегот на Сити дојде откако хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол (23) неодамна беше опериран поради скршеница на долниот дел од ногата, додека португалскиот стопер Рубен Диаш (28) ќе отсуствува од четири до шест недели поради повреда на тетивата.
Сити веќе го потпиша Антоан Семењо од Борнмут за 62,5 милиони фунти во овој преоден рок.
Во сабота, Сити ќе игра градско дерби против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.
Foto/ depositphotos
