Top Sport

Манчестер сити им се извинија на Челси откако ги победија со 6:0

Неделата беше вистинска катастрофа за Челси, каква што „сините“ од Лондон не доживеале 28 години, откако Манчестер сити ги декласираше со 6:0, а потоа официјално им се извини за гестот по крајот на мечот.

Серхио Агуеро имаше хет-трик, Рахим Стерлинг додаде два, а Илкај Гундоган еден во еден од најневеројатните порази на тимот на Маурисио Сари, а Цезар Азпиликуета по крајот на мечот им се извинуваше на навивачите на „сините“ нарекувајќи го денот најлош во неговата кариера.

Ако овој висок пораз не беше доволно, Манчестер сити решија да стават сол на раката откако по крајот на мечот на разгласот ја пуштија песната „One Step Beyond“ од бендот Меднес, неофицијалната химна на Челси.

Според британските медиуми, официјалните лица на Манчестер сити пратиле извинување до Челси веднаш по крајот на мечот.

Scroll to Top