Top Sport

Манчестер сити: Изненадени сме од обвинувањата

Манчестер сити се огласи по повод соопштението на Премиер лигата дека девет години, во периодот од 2009 до 2018 година го прекршиле финансискиот фер-плеј.

Обвинувањата се однесуваат на финансиски информации кои се однесуваат на приходите, детали за платите на менаџерите и играчите, прописите на УЕФА, профитабилноста и одржливоста, како и соработката со истражните тела на натпреварувањето.

Според англиските медиуми, Сити во перидот од девет години, 100 пати го прекршил финансискиот фер-плеј.

Од редовите на англискиот шампион соопштија дека се изненадени од оваа информација, и дека едвај чекаат засекогаш да се стави крај на овој случај.

„Манчестер сити е изненаден од објавувањето на наводните прекршувања на правилата во Премиер лигата, особено со оглед на високото ниво на вклученост и огромното количество детален материјал што го доставивме до Премиер лигата. Клубот го поздравува разгледувањето на ова прашање од независна комисија која, непристрасно ќе го разгледа сеопфатниот корпус на неоспорни докази што постојат во прилог на нашиот став. Затоа, со нетрпение очекуваме засекогаш да ставиме крај на оваа работа“, се вели во соопштението на Манчестер сити.

Scroll to Top