Ако се гледа по првата половина од сезоната, тешко ќе биде да се запре Манчестер сити да стигне до одбраната на премиерлигашката титула, откако тимот на Пеп Гвардиола ја забележа 10-тата победа во низа, овојпат со 1:0 кај Брентфорд, за да се одвои на неверојатни 8 поени предност на врвот на табелата.
Откако Челси во последната минута прими гол за 1:1 дома против Брајтон, „сините“ на Томас Тухел заотануваат осум поени со ист број на одиграни натпревари (19), додека Ливерпул се на девет разлика, но со натпревар помалку.
Фил Фоден, кој задно со Џек Грилиш беше вратен во стартниот состав на Гвардиола откако претходно ги „казни“ за дисциплински прекршоци, го постигна единствениот гол на мечот во 23. минута по асистенција на Кевин де Брујне, што беше доволно за важна победа на „граѓаните“.