Левиот бек на Бока Јуниорс, Валентин Барко, е пред трансфер во Манчестер Сити, информира „TyC Sports“.
„Граѓаните“ веќе постигнаа договор со 19-годишниот играч, а во наредните денови претставници на англискиот клуб ќе отпатуваат во Аргентина на разговори со раководството на Бока.
Барко има 21 натпревар за аргентинскиот гигант, на кои постигна еден гол и две асистенции.
Младиот фудбалер е дел од репрезентацијата на Аргентина до 20 години.